MALCOKIN
Роден на 21.05.1987 година во Скопје, набрзо се сели во Охрид и на таа линија е сите овие 33 години. На таа линија се и најголемиот број фотографии кои се досега направени. По вокација, правник, по убедување уметник. Визуелист / слухист.
Омилена фотографија – црно-бела.
Сината и зелената боја се во вечна трка и предоминација на фотографиите.
Алтернативна фотографија, растеретена од востановени позиции. Детални погледи на предмети, лица и поими, низ 50мм, 10-20мм, 70-300мм.
Убавината некогаш е во деталите, некогаш во големата слика, некогаш е во силината на моментот некогаш е во спокојот, ја има секаде, најважно е дали може да се препознае.