Категорија:

EGG Confetti - Хартиени конфети

50ден

Декоративно и заштитно полнење. Заштитува од оштетување на деликатни производи.

Зачини го подарокот со хартиени конфети и додади WOW ефект!

Пакувањето е 100% рачна изработка
количината е доволна за исполнување на една голема кутија (+-50g).

Надвор од залиха

Преплет студио

Преплет е креативно студио кое е создадено со цел да биде оптимистичко и инспиративно место кое ќе нè потсетува дека малите работи го прават моментот голем.
Основано во 2013 година од страна на Викторија Ланговска Хајредин и Магдалена Дилевска Аврамовска, ова студио е место низ кое што поминале илјадници креативни пораки и фрази, без разлика дали потоа биле аплицирани на производи, споделени на друштвените мрежи или, пак, разменети со најразлични соработници.
Сè до денес, студиото има изработено над 10 колекции составени од специјално дизајнирани производи како: постери, шолји, нотеси, тефтери, перничиња, тематски комплети, торби, лампи и уште многу други персонализирани детали.
„Нашата цел при дизајнирањето е да создадеме производи преку кои секој ќе може да си се поврзе на свој и индивидуален начин.Секој наш производ носи автентична порака на себе и има задача да остане парче кое ќе отсликува момент вреден за паметење.“