990ден
Повеќенаменски терацо сет
/ сетот се состои од две кружни подлоги 9.5cm и еден елипсовиден сад 18 х 9.5cm/
Разиграност и колорит се главни одлики на Terrazzo колекцијата од студио Номад.
Секое парче е рачно изработено со особено внимание на деталите. Материјалот што се користи за изработка на производите е Креанит – еколошки композитен материјал што студио Номад го развива и изработува наменски само за оваа колекција.
Kреативно студио за архитектура и дизајн основано во 2020г од Ана Секуловска – дипломиран инженер архитект.
Освен стручните проектантски услуги, во студиото се изработуваат и дизајнерски производи за ентериер. Во своите производи Номад се стреми кон имплементација на стари занаетчиски техники во современа стилизирана форма со што создава единствени и возбудливи акценти во просторот.