Фото-колаж – Охрид

990ден

Локација: Охрид

Секој фото-колаж е инспириран од небото, вселената, погледи што одземаат здив, природа и архитектура. Со комбинирање на мотиви од овие елементи од нејзини фотографии се добива овој необичен уметнички израз.

Рамките се во бела боја со димензии 23х23cm

Емилија Ланговска

Архитект по професија и своето високо образование го завршува во Милано и Барселона. Интересот кон уметноста и дизајнот се јавува уште во средношколските денови. Покрај архитектурата Емилија е дел од дизајн студио Преплет каде придонесува за голем дел од дизајните да бидат тоа што се. Во 2018 година започнува со експериментирање со различни вселенски елементи и нивно комбинирање со пејсажи, природа и архитектура. Во 2020 година ја прави првата индивидуална колекција на фото-колажи, при што започнува со креирање на сцени од бајковити прикази, атмосфери и глетки што одземаат здив.