Half moon

3,000ден

Рачно изработена монообетка од висококвалитетно сребро.

Надвор од залиха

Eklektika

Моника Лозановска е родена во Скопје. Интересот кон правење накит го наследила од искуството на нејзината мајка, и оттаму ја добила љубовта кон правењето накит и одлуката да учи дизајн за накит во Алкимиа, современа школа за изработка на накит во Фиренца, Италија. Откако ги усовршила основните вештини за изработка на сребро, продолжила со учење на разни техники на изработка на сребро во Барселона, Шпанија. Во меѓувреме го проширува своето знаење и вештини со следење летни курсеви во Лисабон, Португалија, со цел да научи како да работи со смола.
Откако се стекнала со знање и вештини за изработка на накит надвор од нејзината татковина, решава да се врати во родниот град Скопје и да го продолжи семејниот бизнис за изработка на накит, вклучувајќи го нејзиното стекнато искуство кое го стекнала насекаде. Се одлучила и да заврши курс за филигранство, најстарата техника за изработка на накит. Потоа и ја осовала Филигранската Асоцијација во Скопје. Се стационира во срцето на старата скопска чаршија со своја работилница и галерија. Нејзиниот стил и материјали на изработка кои ги користи се еклектични и оттука и името на нејзиниот бренд Еклектика.