400ден
/ TAA & TOJ чорапи /
Состав
/ Памук 80% /
/ Полиамид 15% /
/ Еластин 5% /
Препорачливо да се перат на 40 степени.
PAR е современ бренд за чорапи кој што е основан од еден пријателски пар.
Пар стопала, пар чорапи, пар на пријатели водат кон Теоријата на Две бидејќи сѐ е подобро во пар.
Брендот PAR верува дека е многу повеќе од дизајн и создавање на самиот продукт.
Истражуваат детално сѐ што прават, од материјали, пакување , соработки кои пред сѐ го потврдуваат стандардот на вредностите на брендот.
Затоа соработуваат со уличното списание за одржлив развој Лице в лице, чија неупотребена хартија ја користат за пакување на чорапите.
Лице в лице е социјално претпријатие кое работно ангажира ранливи сограѓани, кои преку продажбата на списанито се зајакнуваат економски и социјално.
“Ги охрабруваме нашите клиенти да читаат Лице в Лице, откако ќе ги отпакуваат PAR чорапите, со што ќе дадат нов живот на приказните на Лице в Лице. “