Категорија:

Македонска споменична архитектура

300ден

– Сет од 5 фотографии –

/ Димезија на една фотографија / – 15/15 cm – /

/ Печатени на 350 g хартија /

МАРХ

Марх е нет простор посветен на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност, преку минатите и денешните реализации, проекти, концепти, идеи. Истиот се роди во најтешкиот современ период за домашната сцена, како потреба да се разпознаеме кои сме, каде сме биле и што создаваме тековно. Тогаш безнадежната ситуација, го прекина линкот на континуитетот и волјата да се избориме како професија. Затоа потребата да спомнеме за златниот период на домашната сцена, да ги запознаеме имињата на авторите кои го подигнаа градот од пепелта и целата држава, да го издвоиме убавото во лошиот квантитет, да ги подржиме студентите, да оставиме простор каде секој архитект ќе може директно преку критика да го каже својот став за тековните случување, а воедно да ја едуцираме пошироката јавност како трајна вредност беше неминовно.
МАРХ Македонска архитектура зрачи официјално во нет просторот од 24.11.2014 година, работи исклучиво од ентузијазмот и љубовта на тимот за општествено одговорна мисија со надеж за одржлив развој во иднина и поголем придонес кон македонската архитектонска сцена.