R & M

5,400ден

Комплет од рачно изработена монообетка од високо квалитетно сребро изработена од брендот Еклектика
и мултифункционална марама која може да се носи на врат, глава, на рачен зглоб или како колан.
Тенка марама со авторски дизајн/ принт од новата колекција “Vintage Lust”
на модната дизајнерка Росица Мршиќ, изработени од високо-квалитетен сатенски материјал во лимитирана серија.

Надвор од залиха

Eklektika

Моника Лозановска е родена во Скопје. Интересот кон правење накит го наследила од искуството на нејзината мајка, и оттаму ја добила љубовта кон правењето накит и одлуката да учи дизајн за накит во Алкимиа, современа школа за изработка на накит во Фиренца, Италија. Откако ги усовршила основните вештини за изработка на сребро, продолжила со учење на разни техники на изработка на сребро во Барселона, Шпанија. Во меѓувреме го проширува своето знаење и вештини со следење летни курсеви во Лисабон, Португалија, со цел да научи како да работи со смола.
Откако се стекнала со знање и вештини за изработка на накит надвор од нејзината татковина, решава да се врати во родниот град Скопје и да го продолжи семејниот бизнис за изработка на накит, вклучувајќи го нејзиното стекнато искуство кое го стекнала насекаде. Се одлучила и да заврши курс за филигранство, најстарата техника за изработка на накит. Потоа и ја осовала Филигранската Асоцијација во Скопје. Се стационира во срцето на старата скопска чаршија со своја работилница и галерија. Нејзиниот стил и материјали на изработка кои ги користи се еклектични и оттука и името на нејзиниот бренд Еклектика.

Rosica Mrsik е македонска и интернационално етаблирана и наградувана модна дизајнерка и бренд. Основан во 2009 година, тој е меѓу првите етички брендови на домашната сцена кој работи по принципот на одржлива мода и создава авторски модни колекции со безвременска естетика.