Информации за достава

По направената нарачка, ќе добиете е-маил за потврда на
успешноста на нарачката.

Откако ќе ја направите нарачката на нашата веб страна, потврдата ќе се прикаже на вашиот дисплеј откако ќе ја завршите нарачката. Наш оператор ќе ве исконтактира само доколку има проблем со достапноста на производите. Доколку нарачката е направена во петок после 16h или во текот на викендот, операторот ќе Ве исконтактира во работен ден.

Курирската служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава.

Вообичаен рок за испорака е до 5 работни дена. За производите кои рачно се
изработуваат рокот на испорака е 15 работни дена од денот на направената нарачка.

Трошокот за испорака е обврска на купувачот. Доколку нарачката е над 2000 денари, во областа на Р.С.Македонија, доставата е бесплатна. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот.

Доколку е потребна замена на производот која била соодветно испорачана од странана Пејпер Бокс Дооел, трошокот за враќање и преземање нов производ го презема самиот купувач.

Пејпер Бокс Дооел ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку е испорачан несоодветен производ во однос на нарачаниот производ.